TC/UB

Информациите за временскиот код (TC) и корисничкиот бит (UB) може да се снимаат како податоци прикачени на филмовите.
- MENU >
(Снимање) > [TC/UB] > Изберете ставка од менито и поставете го саканиот параметар.
Детали за ставките на менито
- Time Code Preset (Однапред поставен временски код):
- Го поставува временскиот код.
- User Bit Preset (Однапред поставен кориснички бит):
- Го поставува корисничкиот бит.
- Time Code Format (Формат на временски код):
- Го поставува начинот на снимање на временскиот код. (Само кога функцијата [NTSC/PAL Selector] (Избирач на NTSC/PAL) е поставена на NTSC.)
- Time Code Run (Истек на временски код):
- Го поставува форматот за избројување на временскиот код.
- Time Code Make (Одреди формат на временски код):
- Го поставува форматот на снимање за временскиот код на медиумот за снимање.
- User Bit Time Rec (Сними време во кориснички бит):
- Поставува дали да се снима времето како кориснички бит.
Како се поставува временскиот код (Time Code Preset (Однапред поставен временски код))
- MENU >
(Снимање) > [TC/UB] > [Time Code Preset] (Однапред поставен временски код). - Завртете го контролното тркалце и изберете ги првите две цифри.
- Временскиот код може да се постави во рамките на следниот распон.
Со избрани [60p]: 00:00:00.00 до 23:59:59.29*Со избрани [24p], можете да ги изберете последните две цифри од временскиот код во парови по четири од 00 до 23 кадри.
Со избрани [50p]: 00:00:00.00 до 23:59:59.24
- Временскиот код може да се постави во рамките на следниот распон.
- Поставете ги останатите цифри следејќи ја истата постапка како во чекор 2, а потоа притиснете во средината на контролното тркалце.
Како се ресетира временскиот код
- MENU >
(Снимање) > [TC/UB] > [Time Code Preset] (Однапред поставен временски код). - Притиснете на копчето
(Избриши) за да го ресетирате временскиот код (00:00:00.00).
Како се поставува кориснички бит (User Bit Preset (Однапред поставен кориснички бит))
- MENU >
(Снимање) > [TC/UB] > [User Bit Preset] (Однапред поставен кориснички бит). - Завртете го контролното тркалце и изберете ги првите две цифри.
- Поставете ги останатите цифри следејќи ја истата постапка како во чекор 2, а потоа притиснете во средината на контролното тркалце.
Како се ресетира кориснички бит
- MENU >
(Снимање) > [TC/UB] > [User Bit Preset] (Однапред поставен кориснички бит). - Притиснете на копчето
(Избриши) за да го ресетирате корисничкиот бит (00 00 00 00).
Како се избира начинот на снимање на временскиот код (Time Code Format (Формат на временски код)*1)
- MENU >
(Снимање) > [TC/UB] > [Time Code Format] (Формат на временски код).
- DF:
- Го снима временскиот код во форматот Drop Frame (Хронометар според реално време)(*2.
- NDF:
- Го снима временскиот код во формат Non-Drop Frame (Хронометар според број на кадри).
*1Само кога функцијата [NTSC/PAL Selector] (Избирач на NTSC/PAL) е поставена на NTSC.
*2Временскиот код се заснова на 30 кадри во секунда. Сепак, разликата помеѓу вистинското време и временскиот код ќе се појави за време на подолги периоди на снимање бидејќи фреквенцијата на кадри на сигналот за NTSC-сликата е приближно 29,97 кадри во секунда. Хронометарот според реално време ја коригира оваа разлика за да го изедначи временскиот код со вистинското време. Во форматот хронометар според реално време, првите 2 цифри од кадарот се отстрануваат секоја минута, со исклучок на секоја десетта минута. Временскиот код без оваа корекција се нарекува хронометар според број на кадри.
- Поставката е фиксирана на [-] кога снимате во 24p.
Како се избира форматот за избројување на временскиот код (Time Code Run (Истек на временски код))
- MENU >
(Снимање) > [TC/UB] > [Time Code Run] (Истек на временски код).
- Rec Run (Истек при снимање):
- Овозможува одбројувањето на временскиот код да се активира само при снимање. Временскиот код се снима последователно од последниот временски код на претходната снимка.
- Free Run (Непречен истек):
- Овозможува одбројувањето на временскиот код да се активира во секое време, без оглед на работата на фотоапаратот.
- Временскиот код може да не се сними последователно во следните ситуации дури и кога временскиот код се активира во режимот [Rec Run] (Истек при снимање).
- Кога ќе се смени форматот на снимање.
- Кога ќе се отстрани медиумот за снимање.
Како се избира начинот на снимање на временскиот код (Time Code Make (Одреди формат на временски код))
- MENU >
(Снимање) > [TC/UB] > [Time Code Make] (Одреди формат на временски код).
- Preset (Однапред поставен параметар):
- Го снима новопоставениот временски код на медиумот за снимање.
- Regenerate (Обнови):
- Го чита последниот временски код за претходната снимка од медиумот за снимање и го снима новиот временски код продолжувајќи од последниот временски код. Временскиот код тече во режимот [Rec Run] (Истек при снимање) независно од поставките за [Time Code Run] (Истек на временски код).
- Временскиот код се чита од мемориската картичка во отворот означен со [
Recording Media] (Медиуми за снимање) во [
Rec. Media Settings] (Поставки за снимање медиуми). Кога функцијата [
Recording Media] (Медиуми за снимање) е поставена на [Simult. Recording] (Истовремено снимање), временскиот код се чита од мемориската картичка во Влез 1.
Како се усогласува временскиот код со други уреди
Поврзете друг уред, како што е видеокамера, преку кабел со адаптер (се продава посебно), а потоа функцијата [Time Code Make] (Одреди формат на временски код) поставете ја на [Preset] (Однапред поставен параметар), а функцијата [Time Code Run] (Истек на временски код) на [Free Run] (Непречен истек). За повеќе информации, погледнете во „Усогласување на временскиот код со други уреди“.

