Поставување на јазик, датум и време
Екранот за поставување јазик, датум и време се прикажува автоматски кога за прв пат ќе го вклучите производот, ќе го иницијализирате производот или кога ќе се испразни внатрешната резервна батерија на полнење.
-
Префрлете го преклопникот за напојување на „
“ (Вклучено) за да го вклучите фотоапаратот. -
Изберете го саканиот јазик и потоа притиснете во средината на контролното тркалце.
-
Проверете дали на екранот за потврда на зоната/датумот/времето е избрана опцијата [Enter] (Внеси), а потоа притиснете во средината на контролното тркалце.
-
Изберете ја саканата географска локација, поставете ја функцијата [Daylight Savings] (Летно сметање на времето), а потоа притиснете во средината.
- Функцијата [Daylight Savings] (Летно сметање на времето) може да се вклучи/исклучи со помош на горната/долната страна на контролното тркалце.
-
Поставете го форматот на датумот (година/месец/ден) и притиснете во средината.
-
Поставете ги датумот и времето (час/минута/секунда) и притиснете во средината.
- За повторно поставување на датумот и времето или географската локација, изберете MENU >
(Setup (Поставување)) > [Area/Date] (Зона/Датум) > [Area/Date/Time Setting] (Поставување зона/датум/време).
- За повторно поставување на датумот и времето или географската локација, изберете MENU >
-
Следете ги инструкциите на екранот за да ја поставите функцијата [Auto Power OFF Temp.] (Температура за автоматско исклучување) доколку е потребно.
За одржувањето на датумот и времето
Фотоапаратот има внатрешна батерија на полнење што ги одржува датумот и времето и другите поставки, без разлика дали напојувањето е вклучено или исклучено и дали комплетот батерии е наполнет или испразнет.
За да ја наполните внатрешната резервна батерија на полнење, во фотоапаратот вметнете наполнет комплет батерии и оставете го производот 24 или повеќе часа со исклучено напојување.
Ако часовникот се ресетира секогаш кога се полни комплетот батерии, внатрешната резервна батерија на полнење може да е истрошена. Консултирајте се со вашиот сервисер на Sony.
Совет
- Ако го поврзете фотоапаратот со паметен телефон преку функцијата за Bluetooth, тогаш со фотоапаратот ќе можете да ракувате преку паметниот телефон и да префрлувате слики од фотоапаратот во паметниот телефон. За да го поврзете фотоапаратот со паметен телефон, поставете ги датумот и времето, а потоа следете ги инструкциите на екранот за да го извршите впарувањето.
Забелешка
- Ако поставувањето на датумот и времето се откаже на половина пат, екранот за поставување на датумот и времето ќе се појавува секогаш кога ќе го вклучите фотоапаратот.
- Вградениот часовник на фотоапаратот може да покажува грешки со времето. Прилагодувајте го времето во редовни интервали.

