ISO (фотографија/филм)

фотографија, филм, забавенo и забрзано движењe

Чувствителноста на осветлување е изразена со помош на ISO-бројот (препорачан индекс на експозиција). Колку е поголем бројот, толку е поголема чувствителноста.

  1. Копче ISO (чувствителност ISO) > саканата поставка.
    • Исто така, можете да изберете MENU > (Exposure/Color (Експозиција/Боја)) > [Exposure] (Експозиција) > [ISO].
    • Можете да ја промените вредноста во чекори од 1/3 EV со вртење на предното вртливо копче, како и со вртење на контролното тркалце. Можете да ја промените вредноста во чекори од 1 EV со вртење на задното вртливо копче.

Детали за ставките на менито

ISO AUTO:
Автоматски ја поставува чувствителноста ISO.
ISO 50 – ISO 102400:
Рачно ја поставува чувствителноста ISO. Со избирање поголем број се зголемува чувствителноста ISO.

Совет

  • Можете да го промените опсегот на чувствителноста ISO што е автоматски поставена во режимот [ISO AUTO]. Изберете [ISO AUTO] и притиснете ја десната страна на контролното тркалце, а потоа поставете ги саканите вредности за [ISO AUTO Maximum] (Максимум при ISO AUTO) и [ISO AUTO Minimum] (Минимум при ISO AUTO).
  • Колку е повисока вредноста на ISO, толку повеќе шум ќе се јавува на сликите.
  • Достапните поставки за ISO ќе се разликуваат во зависност од тоа дали снимате фотографии, филмови или снимате филмови со забавени движења/брзи движења.
  • Кога снимате филмови, достапни се ISO-вредности помеѓу 100 и 32000. Ако вредноста на ISO е поставена на вредност поголема од 32000, поставката автоматски се префрла на 32000. Кога ќе завршите со снимање на филмот, ISO-вредноста се враќа на првобитната поставка.
  • Кога снимате филмови, достапни се ISO-вредности помеѓу 100 и 32000. Ако вредноста на ISO е поставена на вредност помала од 100, поставката автоматски се префрла на 100. Кога ќе завршите со снимање на филмот, ISO-вредноста се враќа на првобитната поставка.
  • Достапниот опсег за чувствителноста ISO варира во зависност од поставката за [Gamma] (Гама) во [Picture Profile] (Профил на слика).
  • Достапниот опсег на чувствителноста ISO се менува кога се репродуцираат RAW-видеоснимки на друг уред поврзан преку HDMI.

Забелешка

  • Чувствителноста [ISO] е поставена на [ISO AUTO] во следните режими за снимање:
    • [Intelligent Auto] (Интелигентен автоматски режим)
  • Кога чувствителноста ISO е поставена на вредност помала од ISO 100, опсегот за осветленост на субјектот што може да се снима (динамичен опсег) може да се намали.
  • Кога ќе изберете [ISO AUTO] со режимот за снимање поставен на [P], [A], [S] или [M], чувствителноста ISO автоматски ќе се прилагоди во поставениот опсег.
  • Ако го насочите фотоапаратот кон исклучително силен извор на светлина додека фотографирате слики со ниска чувствителност ISO, означените површини на сликите може да се снимат како црни површини.