USB Power Supply (Напојување преку USB)

Поставува дали напојувањето да се испорачува преку USB-кабелот кога производот е поврзан на компјутер или USB-уред.

  1. MENU > (Поставување) > [USB] > [USB Power Supply] (Напојување преку USB) > сакана поставка.

Детали за ставките на менито

On (Вклучено):
Напојувањето се испорачува до производот преку USB-кабел кога производот е поврзан со компјутер и сл.
Off (Исклучено):
Напојувањето не се испорачува до производот преку USB-кабел кога производот е поврзан со компјутер и сл. Ако го користите испорачаниот адаптер за наизменична струја, напојување ќе се испорачува дури и кога е избрана опцијата [Off] (Исклучено).


Достапни операции при напојување преку USB-кабел

Следната табела покажува кои операции се достапни/недостапни при напојување преку USB-кабел.

Операција Достапно / Недостапно
Снимање слики Достапно
Репродукција на слики Достапно
Поврзување преку Wi-Fi/Bluetooth Достапно
Полнење на комплет батерии Недостапно
Вклучување на фотоапаратот без вметнат комплет батерии Недостапно

Забелешка

  • Вметнете го комплетот батерии во производот за да се напојува преку USB-кабел.
  • Производот не може да се напојува преку повеќенаменски/микро USB-приклучок. Користете го приклучокот USB Type-C.