Поврзување на фотоапаратот со компјутер
- Вметнете доволно наполнет комплет батерии во фотоапаратот.
- Вклучете ги фотоапаратот и компјутерот.
(Setup) (Поставување) > [USB] > Поставете ја функцијата [USB Connection Mode] (Режим на поврзување преку USB) на [MassStorage(MSC)] (Масовно складирање(MSC)).- Поврзете го приклучокот USB Type-C на фотоапаратот со компјутерот преку USB-кабел.
- Кога ќе го поврзете фотоапаратот со компјутерот прв пат, компјутерот може автоматски да ја започне постапката за препознавање на фотоапаратот. Почекајте да заврши постапката.
- Ако го поврзете фотоапаратот со компјутерот преку USB-кабел кога функцијата [USB Power Supply] (Напојување преку USB) е поставена на [On] (Вклучено), фотоапаратот ќе почне да се напојува преку компјутерот. (Зададена поставка: [On] (Вклучено))
- Користете го USB-кабелот (испорачан) или стандарден USB-кабел.
- Користете компјутер што поддржува SuperSpeed USB 10 Gbps (USB 3.2) и USB-кабел (испорачан) за комуникација со поголема брзина.
Забелешка
- Не треба да го вклучувате/исклучувате, рестартирате или будите компјутерот од режим на мирување кога е воспоставена USB-врска помеѓу компјутерот и фотоапаратот. Ако го направите тоа може да предизвикате дефект. Пред да го вклучите/исклучите, рестартирате или разбудите компјутерот од режим на мирување, исклучете го фотоапаратот од компјутерот.

