Power Save Start Time (Почетно време за заштеда на енергија)
Поставува временски интервали за автоматско префрлување во режимот за заштеда на енергија кога не ракувате со фотоапаратот за да спречите трошење на комплетот батерии. За да се вратите во режимот за снимање, изведете операција како што е притискањето на копчето за бленда до половина.
-
MENU >
( (Поставување)) > [Power Setting Option] (Опција за поставување напојување) > [Power Save Start Time] (Почетно време за заштеда на енергија) > сакана поставка.
Детали за ставките на менито
Off (Исклучено)/30 Min (30 мин.)/5 Min (5 мин.)/2 Min (2 мин.)/1 Min (1 мин.)/10 Sec (10 сек.)
Забелешка
- Кога долго време не го користите производот, исклучете го.
- Функцијата за заштеда на енергија се исклучува во следниве ситуации:
- Додека напојувањето се доставува преку USB
- Додека се репродуцира слајд шоу
- За време на пренос преку FTP
- За време на снимање филмови
- Додека производот е поврзан со компјутер или телевизор
- Кога функцијата [Bluetooth Rmt Ctrl] (Далечинска контрола преку Bluetooth) е поставена на опцијата [On] (Вклучено)
- За време на проследување преку USB

