Focus Map (Мапа на фокус)

филм, забавенo и забрзано движењe

Кога снимате филм, површините што се во фокус и површините што не се во фокус се прикажуваат за да можете визуелно да ги разликувате. Површините зад делот во фокус се означени со точки со ладна боја (A), а површините пред делот во фокус се означени со точки со топла боја (B). Точките не се прикажуваат во опсегот во фокус. Точките не се снимаат во филмот.

Слика на која е прикажана палетата на прикажаните ладни и топли бои

  1. MENU > (Focus (Фокусирање)) > [Focus Assistant] (Помош при фокусирање) > [Focus Map] (Мапа на фокус) > саканата поставка.

Детали за ставките на менито

On (Вклучено):
Ја прикажува мапата на фокус.
Off (Исклучено):
Не ја прикажува мапата на фокус.

Совет

  • Мапата на фокус може да се прикаже и на надворешен монитор. За да ја прикажете мапата на фокус на надворешен монитор, поставете ја функцијата [HDMI Info. Display] (Приказ на информации за HDMI) на [On] (Вклучено).

Забелешка

  • Функцијата [Focus Map] (Мапа на фокус) е недостапна во следните ситуации:
    • Кога е активирана функцијата [Focus Magnifier] (Зголемување на фокусот)
    • Додека ја користите функцијата за дигитален зум
    • Кога се извршува проследување преку USB
    • Кога користите објектив што не поддржува AF со откривање на фаза
    • Кога е прикачен адаптер за монтирање објективи
    • Кога објективот не е прикачен на фотоапаратот