Полнење на батеријата преку комерцијално достапен адаптер за наизменична струја или батерија за мобилен уред

Можете да користите USB-кабел за полнење од надворешен извор на напојување, како што е комерцијално достапен адаптер за наизменична струја или батерија за мобилен уред.
Кога на фотоапаратот е поврзан уред компатибилен со USB-PD (USB Power Delivery (напојување преку USB)), можно е брзо полнење.

  1. Исклучете го фотоапаратот и поврзете надворешен извор за напојување преку приклучокот USB Type-C на фотоапаратот.

    Лампа за полнење на фотоапаратот (портокалово)

    Свети: полнење

    Не свети: полнењето е завршено

    Трепка: Грешка при полнење или полнењето е привремено паузирано бидејќи фотоапаратот не е во соодветниот температурен опсег

    • Лампата за полнење се исклучува кога ќе заврши полнењето.
    • Ако лампата за полнење засвети, а веднаш потоа се исклучи, комплетот батерии е целосно наполнет.

Забелешка

  • Полнење преку USB не е можно од повеќенаменски/микро USB-приклучок. Користете го приклучокот USB Type-C за полнење на комплетот батерии.
  • Ако производот е поврзан со лаптоп што не е поврзан со извор на напојување, нивото на батеријата на лаптопот се намалува. Не оставајте го производот поврзан со лаптоп подолг временски период.
  • Не треба да го вклучувате/исклучувате, рестартирате или будите компјутерот од режим на мирување кога е воспоставена USB-врска помеѓу компјутерот и фотоапаратот. Ако го направите тоа може да предизвикате дефект. Пред да го вклучите/исклучите, рестартирате или разбудите компјутерот од режим на мирување, исклучете го фотоапаратот од компјутерот.
  • Полнењето не може да се гарантира со прилагоден компјутер, модифициран компјутер или компјутер поврзан преку USB-размножувач.
  • Фотоапаратот може да не работи правилно кога истовремено се користат и други USB-уреди.
  • Препорачуваме да користите USB-PD уред компатибилен со излез од 9 V/3 A или 9 V/2 A.
  • Пред полнење, задолжително прочитајте го делот „Забелешки за комплетот батерии и полнењето на батеријата“.