Исклучување на фотоапаратот од компјутерот

Извршете ги следните операции на компјутерот пред да го исклучите фотоапаратот од компјутерот.

  1. Кликнете на (безбедно отстранување на хардверот и исфрлување на медиумот) во лентата со задачи.
  2. Кликнете на прикажаната порака.
    Следните операции се достапни откако ќе ги извршите горенаведените чекори.
    • Исклучување на USB-кабелот.
    • Отстранување мемориска картичка.
    • Исклучување на фотоапаратот.

Забелешка

  • Кај Mac-компјутерите, поместете ја со повлекување иконата за мемориска картичка или иконата за податочна единица во иконата „Trash“. Фотоапаратот ќе се исклучи од компјутерот.
  • Кај некои компјутери, иконата за прекинување на врската може да не се појави. Во тој случај, прескокнете ги чекорите погоре.
  • Не отстранувајте го USB-кабелот од фотоапаратот додека свети светилката за пристап. Податоците може да се оштетат.