Копирање слики од една на друга мемориска картичка (Copy(Копирај))
Можете да копирате слики од мемориската картичка во влезот избран со функцијата [Select Playback Media] (Избор на медиуми за репродукција) на мемориска картичка во друг влез.
-
MENU >
(Playback (Репродукција)) > [Edit] (Уреди) > [Copy] (Копирај).Сите содржини со датум или во папка што тековно се репродуцираат ќе се копираат на мемориска картичка во друг влез.
Совет
- Можете да го изберете типот на слики што ќе се прикажуваат со избирање на MENU >
(Playback (Репродукција)) > [Playback Target] (Цел на репродукција) > [View Mode] (Режим за прегледување).
Забелешка
- Ако се копираат слики во група, копираните слики нема да се прикажат во група на одредишната мемориска картичка.
- Ако се копираат заштитени слики, заштитата ќе се откаже на одредишната мемориска картичка.
- Може да потрае долго ако треба да се копираат многу слики. Користете доволно наполнет комплет батерии.
- За да копирате филм, одредишната мемориска картичка мора да го поддржува форматот во којшто е снимен филмот. Ако филмот не може да се копира, ќе се прикаже порака на мониторот на фотоапаратот.

